Шефот на Fiat Chrysler : Не купувајте го електричниот модел на Fiat


Главниот извршен директор на Fiat Chrysler Automobiles, Серџо Маркионе има необична молба: Не купувајте го електричниот модел Fiat 500e!

За време на настанот во Вашингтон, Маркионе објави дека електричните автомобили се со многу висока цена и дека неговата компанија го продава моделот со 500 eвра на загуба.

„Се надевам дека нема да ја купите, бидејќи секој пат кога ќе продадеме таква кола, тоа ме чини 14 000 долари”, рече Маркионе пред присутните. „Доволно искрен сум за да ви го кажам ова.“

Маркионе истакна дека Tesla е единствената компанија која заработува пари од продажба на електрични автомобили, бидејќи нејзиниот Model S се продава по повисока цена. Тоа го посочи Chevrolet Volt на General Motors, како пример за автомобил кој тешко генерира поголема продажба, по најниска цена.

Основната цена на Fiat 500e од 2014 година е 32 300 долари пред даночниот кредит. Основната цена на стандардниот Fiat 500, има потрошувачка од 7.1 литри на 100 км., и чини 16 195 долари. За првите четири месеци од годината Fiat има продадено 11 514 автомобили од семејниот модел 500 во САД. Тоа претставува пад од 15% во споредба со истиот период 2013 година.

 



Видете следно

ФИТР препознаен како успешен модел – поднесена иницијатива да се преслика на регионално ниво

Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ е препознаен како успешен пример во студијата …