Шефот на Nissan заработил $ 10 милиони


Платата на извршниот директор на јапонската автомобилска компанија Nissan Motor Co. Карлос Гон во текот на финансиската 2012 година била 988 милиони јени (над 10 милиони долари), пренесоа светските агенции.

Гон ја објави оваа информација денес на Генералното собрание на акционерите во Јокохама. Во споредба со претходната година приходите му се зголемија за околу 1 милион долари.

На собранието беше соопштено дека шефовите на западни концерни на такво ниво добиваат просечна плата од над $ 15,3 милиони, забележува ИТАР-ТАСС.

Судејќи по се, сепак, за претходната финансиска година, која заврши на 31 март 2013 година, Карлос Гон ќе биде рекордер по примени награди во Јапонија. За разлика од него Претседателот на Toyota Акио Тојода заработил 184 милиони јени ($ 1,88 милиони евра). Претседателот на Honda Таканобу Ито заработил 123 милиони јени.

Освен Nissan кој е роден во Бразил Французинот Карлос Гон раководи и со француската корпорација Renault, која е во стратешко партнерство со јапонската компанија. На денешното генерално собрание на акционерите Карлос Гон вети зголемување на продажбата. Никој од акционерите не праша за платата на шефот на Nissan, но поставија прашање за зелената технологија на компанијата и изразија загриженост за тоа кој ќе го наследи Карлос Гон, забележува АР.


Видете следно

Од денес нови цени на горивата по бензиските пумпи

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во …