Шест стручни комисии одлучија 180 проекти да не добијат никаква подршка од Град Скопје


Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.

„Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.
Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43 областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства“, велат од градот.

Оваа година, од Град Скопје велат дека имаат ставено посебен акцент на поддршката на младински и на студентски проекти, а според голем дел од експертите во музичката култура оваа изјава претставува чиста глупост. Доказ за тоа е фестивалот UNDERFEST 2019, кој не успеа да добие никаква финансиска помош од градот. Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија. За линк од фестивалот https://www.facebook.com/events/293336504797381/..


Видете следно

Премиерот Заев од Шуто Оризари: Заедно со иницијативите на компании донатори реализираме подобра инфраструктура за достојни услови за граѓаните во ромските населби

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот и министер за …