Breaking News

epa10267019 French President Emmanuel Macron (L) welcomes Chancellor of Germany Olaf Scholz (R) at Elysee Palace before their work lunch in Paris, France, 26 October 2022. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Шолц и Макрон сакаат брз и конкретен напредок во проширувањето на ЕУ


Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во заедничка статија во германското издание „Франкфуртер алгемајне цајтунг” истакнаа дека се залагаат за брз и конкретен напредок во процесот на проширување на ЕУ, јави ДПА.

„Истовремено, ние мора да обезбедиме проширената Европска унија да остане одржлива, со поефикасни институции и побрзи процедури за донесување одлуки, особено со проширување на гласањето со квалификувано мнозинство во Европскиот совет”, напишаа двајцата лидери .


Конкретно ги споменаа земјите од Западен Балкан, од кои повеќето се во различни фази од долгиот процес на пристапување во ЕУ. зш/