Шпанија : € 59,1 милијарди од странски туристи


Странските туристи потрошиле 59,1 милијарди евра во Шпанија во 2013 година, што е рекордна сума и се објаснува со зголемувањето како на странските посетители, така и на нивните буџети, соопшти министерството за туризам, пренесува Франс прес.

Историскиот најголем износ е со 9,6 % повисок во споредба со 2012 година, според годишната анкета на туристичките трошоци Egatur.

Британските туристи се најбројни и оставиле во земјата 12 милијарди евра, проследено со Германците со 9,72 милијарди евра и Французите со 5,926 милијарди евра потрошени средства.

Трошоците на руските туристи скокнале за 29% до 2,35 милијарди евра или 4 % од вкупниот износ. Французите исто така ги намалиле трошоците ( -21,7 % ) до 618 евра во просек по човек, додека Британците останале на исто ниво на трошоци – 809 евра – а Германците ги зголемија за 8,4 % до 1205 евра по човек.

Минатата година Шпанија е посетена од рекорден број туристи, кои за прв пат ја надмина границата од 60 милиони луѓе или 5,6 % повеќе во споредба со претходната година. Овој рекорд и овозможи на Шпанија да ја врати третото место како светска туристичка дестинација пред Кина и после Франција (83 милиони ) и САД ( 67 милиони ), велат од economy news.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …