Шпанија излезе од рецесија


Шпанската економија излезе од рецесија, откако порасна за прв пат повеќе од две години. Ова го покажуваат податоците на централната банка на земјата, пренесе “БиБиСи”.

Бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија се зголеми за 0,1% за периодот од јули до септември месец оваа година, објавија од банката. Зголемувањето на БДП на земјата доаѓа после пад од девет квартали. 

Од централната банка велат дека економијата на земјата била потпомогната од повисокиот извоз во изминатото тримесечје.

“Слабото обновување на економската активност во третиот квартал на годината, по пријавениот пад во вториот квартал се должи на поволниот раст на извозот”, се вели во месечниот билтен на банката.

Шпанија е една од земјите најтешко погодени од кредитната криза. Невработеноста во земјата е над 26 % и е една од највисоките во Европа. Мерките на Владата за штедење, насочени кон намалување на големиот дефицит на Шпанија провоцираше големи протести низ целата земја минатата година.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …