Шпанска компанија го лансира првиот “печатач за храна”


Шпанската компанија од областа Каталонија, Natural Machines ја започнува продажбата на првиот 3-D печатач за храна, информираше весникот El Pais и агенцијата EFE.

Производството на уредот започнува во Кина, и пред да се појави веќе има над 400 нарачки. Тие се од различни делови на светот – од Кина до САД и од Бразил до Русија.

Уредот Foodini овозможува храната да се подготвува преку ” испечатени јадења ” – хамбургери, мафини, чоколадни десерти или тестенини, и може да им предаде соодветна форма.

Се претпоставува дека по многомесечните обиди и надградба Foodini ќе проработи по рестораните, пекарите, слаткарниците и во кујните на луѓето, пишува El Pais.

Цената на уредот е околу илјада евра. ” Печатачот ” има и дисплеј на допир за избор на рецепти и развивање на оригинални јадења. Наместо со мастило тој се полни со капсули со различни хранливи состојки.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Ерусалим оствари билатерална средба со претседателот …