Шпанската економија со најголем раст последниве 6 години


Иако кризата се уште не е минато за Шпанија, во земјата има и некои оптимистички податоци. Во периодот април-јуни шпанската економија постигнала најсилен раст последниве шест години, објавија AFP.

Економијата на Шпанија се зголемила за 0,5% во споредба со претходниот квартал.

Централната банка на земјата предвидува дека шпанската економија ќе забележи раст од 1,3% за оваа година и 2,0% за 2015 година.

Шпанија, која претрпе сериозни тешкотии за време на должничката криза во еврозоната, спроведува реформи со цел подобрување на економската ефикасност и конкурентност.

 


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …