Шпанско училиште ги учи момчињата на домаќинска работа


Пеглањето, шиењето и готвењето би требало да се елементарни познавања за секој, но вистината е дека многу деца, особено момчињата, така и не ги учат дома. Сеуште многу мажи се потпираат на жените околу нив за да им готват или да им ги крпат алиштата. Едно училиште, меѓутоа, не е во согласност со таа нееднаквост и стигмата дека домаќинските обврски се само за жените, па затоа решава да воведе наставни часови за такви активности. Нивното мото е “Еднаквоста се учи преку акција”.

Во 2018 година едно шпанско училиште во градот Виго најавува дека ќе воведе нов наставен предмет “Домашна економија” во својата програма. За време на овие часови момчињата ќе мора да научат да пеглаат, шијат и готват. Сите часови се водат од наставниците доброволци или од татковците на учениците.

“Ќе биде многу корисно за учениците да ги научат сите овие работи и кога формираат семејство, па ќе можат целосно да учествуваат во сè и ќе знаат дека домот е поддржан од две лица. Не треба само жената да чисти, да ги мие чиниите или да пегла. Овие лекции ќе ги научат како да се справуваат и сами дома “, вели наставникот Габриел Браво. Идејата се родила кога од училишната администрација барале начин со кој да придонесат за половата еднаквост меѓу учениците. Проектот потоа беше презентиран на родителите и учениците.

“За некои од нив ова беше прв пат да ракуваат со пегла, па доживувањето беше и забавно. Родителите се исто така многу задоволни “, вели Браво.

 

 


Видете следно

Со „Digital for Entrepreneurship“ Македонија се приклучи на European SME Week

Оваа среда (20.11.2019) во организација на European Business Association, Град Скопје и Piksel, а поддржана …