Штип од вечерва ќе живее во ритамот на „Макфест”


Штип, 18 септември 2020 (МИА) – Фестивалот за музика „Макфест” – Штип почнува вечерва на отворено на Градскиот плоштад „Слобода”, каде се поставени сцената и столчињата. Штип по 35-ти пат ќе живее во ритамот на нови макфестовски хитови.

Оваа вечер се слави 35-от роденден со ревијална вечер на којашто осум македонски познати пејачи и групи ќе ги испејат своите песни, но и евергрините на други познати пејачи и тимови. Уметничкиот директор на „Макфест”, Владимир Дојчиновски вели дека организаторите го прифатија предизвикот фестивалот и оваа година да се одржи, но на отворено, наместо на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов”, поради здравствените протоколи.

а Првата вечер е ревијална, каде што по многу години на сцената ке ги видиме ,Џина Папас Џокси, Мики Јовановски Џафер, Лидија Кочовска, Олгица Христовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев и групата Интервали, кои ќе ги изведат едни од најголемите макфестовски хитови, што го одбележаа фестивалот во изминатите 35 години, во придружба на Биг Бенд оркестарот, под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски. Шоуто започнува во 20.30 часот, со директен пренос на националниот сервис, вели Дојчиновски.

В сабота е натпреварувачката вечер на којашто ќе се слушнат 24 нови песни, шоу програма додека публиката гласа ќе има Игор Џамбазов со Гуру Харе.


Видете следно

Во Скопје 269 санкционирани возачи, 78 за брзо возење

Вкупно 269 сообраќајни мерки се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град …