Штипските наставници ќе држат настава онлајн од училниците


Штип, 9 септември 2020 (МИА) – Наставниот кадар во петте основни и четирите средни училишта во Штип од 1 октомври ќе ја одржуваат наставата онлјан. Ќе доаѓаат на своите работни места и од кабинетите и училниците согласно распоредот на часови ќе ја држат наставата за учениците.

– Ваквиот вид на настава од училниците и кабинетите ќе биде поддржана и со помош од општината, во делот на обезбедување на поквалитетен интернет, изјави денеска заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов.

Тој истакна дека во училиштата ќе се запазат сите здравствени протоколи, кои се дадени од страна на Комисијата за заразни болести и Министерството за образование.

Училиштата треба да достават до општината изјаснување дали имаат просторни можности за физичко присуство на учениците.

Анкетите со родителите се завршени во сите основни училишта.


Видете следно

PURECLOUD македонски иновативен уред кој ја мери загаденоста на воздухот а кој секоја надлежна институција треба да го има!

Македонската иновација PURECLOUD има примена во секоја средина каде постои проблем со загаденоста на воздухот  …