„На предвремените парламентарни избори разликата ќе биде минимум 100.000 гласови во наша полза во однос на СДСМ”, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Мицкоски покрај повеќето прашања беше прашан доколку на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, како ќе се однесува во однос на Законот за јазиците од аспект на можно коалицирање со партии на Албанците.
Тој одговори дека нема ништо против јазиците на етникумите, но тоа мора да се прави функционално.
„Ние немаме ништо против јазиците на етникумите, но тоа мора да се прави функционално, применливо, во согласност со законите и со Уставот. Повеќепати апелиравме за Законот за јазици. Тоа што конкретно го кажавме се виде дека го потврди Венецијанската комисија“ изјави Мицкоски.