Што да не купуваме од Amazon?


Не секогаш американскиот гигант во онлајн продажбата Амазон (Amazon) е најевтиното место за шопинг, покажува истражувањето, пренесува Маркетуоч.

Минатата недела Амазон ги објави финансиските резултати за вториот квартал, и за 52-риот последователен квартал продажбата на компанијата, достигна двоцифрен раст. Приходите беа над 19 милијарди долари или 23 отсто повеќе на годишна основа. Во многу случаи не е лоша идеја да се пазарува во Амазон, дополнува Маркетуоч.

Сајтот Savings.com кој објави апликација за споредување на цените на Амазон со цени во мрежата, ги истражуваат цените на околу 1.500 нови производи во вредност од над 10 долари за еден ден во мај.

Истражувањето утврдило дека во практично половина случаи Амазон навистина нуди најдобри цени, oсобено што се однесува до евтиниte работи и симнување на книги, на пример, како и при купување на стоки на големо, посочи Меган Хефарман, портпаролката на Savings.com.

Според истражувањето на веб-сајтот меѓу стоките кои не се секогаш со најниски цени во Амазон, се артиклите, кои чинат над 100 долари и претежно електрониката – како телевизори и лаптопи, фотографска опрема.

Сигурно овие производи може да се купат од Амазон и на добри цени под одредени услови. Покрај тоа, истражувањето е направено само за еден ден, а и со оглед дека Амазон ги менува често цените, може да вреди корисниците да ги проверуваат цените дури за скапи работи како електроника или фотографска опрема.


Видете следно

Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.

Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни …