Што да прашате пред да изнајмите PR агенција?


Одлуката дали да изнајмите надворешна PR агенција може да биде тешка. Никој не може да ви го гарантира 100% посакуваниот резултат, а трошоците можат да се покажат големи, пишува entrepreneur.com.

Што треба да дознаете за своите идни партнери, пред да ги вработите? Еве неколку прашања со кои да започнете:

Како ќе го мерите вашиот успех?

Бројот на публикации во медиумите и бројот на допаѓања на фан страната на Facebook се вообичаени метрики. Според експертите, сепак треба да ги проширите показателите кои ќе се следат, како што се и зголемувањето на сообраќајот на вашиот сајт по палењето на една PR кампања.

Која медиум е најсоодветен за мојата таргет публика?

Вашата PR агенција треба да се разбира добро каква е вашата таргет публика и каков канал ќе биде најлесен за да се стигне до неа.

Дали имате искуство со компании во истиот сектор?

Искуството е скапоцено богатство, а и ќе ви овозможи полесно да одредите што може да очекувате. Добро е да прашате дали луѓето кои се опслужуваат од другите компании од истиот сектор, се уште работат за агенцијата.

Колку чини?

Веројатно ќе ви биде предложен заеднички пакет. Прашајте за цената на секој тип услуга.

Што се сака од мене?

Некои луѓе вработуваат PR агенција и очекуваат обемот на работа да падне. Обично сепак ефектот е спротивен. Затоа уште на самиот почеток дознајте што ќе се бара од вас и бидете сигурни дека ќе можете да го направите.


Видете следно

Петстотини педесет и еден корисник ја искористил акцијата за плаќање на сметките за вода на рати и без камата

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека акцијата …