Што е поопасно – чадот од цигарите или никотинот?


Пушењето не е здрав избор и најдобро е секој што пуши целосно да се откаже од оваа навика. Штетноста од конзумирање традиционални цигари е недвосмислено докажана и во последните децении се прават големи напори да се подигне свеста за болестите и ризиците што ги предизвикува пушењето. Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека има околу 1,1 милијарда пушачи во светот. Пушењето претставува фактор на ризик за шест од осумте водечки болести кои предизвикуваат смртност.

Во многу земји, борбата против пушењето е еден од приоритетите во областа на јавното здравје. Започнати се бројни кампањи против пушење, редизајнирани се пакувањата цигари со пораки што предупредуваат и ја подигнуваат свеста за сериозните последици што ги предизвикува пушењето, а воведена е и забрана за конзумирање цигари во затворен простор. Сепак, и покрај загрижувачката статистика, се покажа дека волјата и одлучноста, па дури и одредени здравствени проблеми, кај повеќето пушачи не се доволни за да се ослободат од оваа навика.

Иако повеќето луѓе сметаат дека никотинот е главен виновник за болестите што ги поврзуваме со пушењето, сепак, науката го негира тоа и вели дека опасноста всушност демне во чадот од тутунот. Многу научни истражувања од реномирани светски научни институции укажуваат дека примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот, се главни причинители на болестите и смртноста. А најголем „грев“ на никотинот е што предизвикува зависност.

Никотинот бил изолиран од растението тутун во 16ти век и оттогаш е постојан предмет на научно истражување. Меѓутоа, многу малку е познато дека го има и во некои видови зеленчук кои секојдневно го конзумираме. Го има во компирот, доматите, модриот домат, а го има и во таканаречената „супер-храна“ какви што се гоџи бобинките. Тука се наоѓа во многу помала концентрација отколку во тутунот, но сепак го има. Но овде не се третира како нешто лошо по здравјето, поради што би требале да престанеме со конзумирање на овие видови зеленчук.

Науката вели дека никотинот, само ако се земе во огромни количини, може да биде токсичен. Имено, при пушење цигари, пушачот апсорбира една десетина од никотинот од една цигара, односно 0,1 милиграм, што значи дека е потребно да се пушат најмалку 400 цигари за еден ден, за дозата на никотин да биде фатална.

Поради овие сознанија и фактот дека не секој пушач може или сака да се откаже од оваа навика, сé поголем број експерти за јавно здравје се одрекуваат од крутите ставови во борбата против чадот од тутун и гласно го поддржуваат концептот за намалување на штетноста, кој се засновува на науката, и се залагаат за употреба на тутунски производи што го загреваат наместо да го горат тутунот.

Бидејќи е познато дека кај цигарите температурата на согорување е 800 степени целзиусови  при што доаѓа до создавање на преку 6000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во билката и се штетни, научниот пристап при создавање на овие нови алтернативни решенија е да се постигне ослободување на никотинот кој го бараат пушачите и аромата, но без процес на горење.  Овие нови технолошки решенија даваат можност возрасните кои сакаат да продолжат да користат никотин да имаат подобри опции отколку континуирано пушење. Овие производи, кои не се без ризик, имаат потенцијал да бидат подобар избор од цигарите.


Видете следно

Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

Идеалот за мазна, кристално чиста кожа без акни, пори или брчки постои откако постои човекот. …