Што го предизвика лошото време во Грција и дали постои опасност од повторување на природната катастрофа?


Силната бура, која го однесе Северниот дел на Халкидики, била предизвикана од моќен циклон, кој за многу кратко време, засилен од силно топлиот воздух над морето и копното, прснува над полуостровот.

Со овие мориња, полуострови, острови – сложениот карактер на Балканскиот полуостров создава понекогаш исклучително поволни услови за создавање на такви моќни бури, велат грчките петеролози.
Според претставниците на Гринпис, светот е во климатска криза.

“Имаме помалку од 12 години да преземеме вистински мерки кои можат да ни помогнат за тоа да не ги надмине температурите до 1.5 степени до 2050 година”, велат од Гринпис.

Во блиска иднина, ако ни претстои патување кон Грција, подобро е да ја следиме внимателно временската прогноза. Во случај на бура потрудете се да го напуштите што е можно побрзо водениот базен во кој се наоѓате или морето и да се движите до брегот. Добро е при таква бура или ураган, човек да се скрие во некој објект.

Добро е да стоиме подалеку од дрвја и метални конструкции, да ги исклучиме сите апарати, да го ограничиме зборувањето на телефон. Доколку се затекнете во домашни услови да се стационирате во горните катови во семејните куќи.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …