Што им треба на младите за добрососедска соработка?


Младинскиот сојуз – Крушево во перидот од 26.11.2021 – 28.11.2021 организира тродневен Форум на релевантни чинител од Северна Македонија и Грција.

На форумот ќе учествуваат над 50 учесници од двете земји кои се дел од академската заедница, граѓанскиот сектор и јавните институции. Со цел развивање на мрежа насочена кон промоција и подигање на свеста за важноста на македонско-грчката соработка.


Покрај организаторите, на отворањето на Форумот ќе се обратат и амбасадорите на Германија и Грција, Н.Е. Анке Холштајн Н.Е. Русос Кундурос и директорот за Северна Македонија на Фондација Фридрих Еберт г-дин. Рене Шлее.
За времетраењето на настанот, учесниците ќе креираат неформална мрежа за соработка која ќе го поддржи и забрза дијалогот, помирувањето, толеранцијата и отвореноста за соработка меѓу младите од двете земји.

Форумот е дел од втората фаза на спроведување на иницијативата за основање на канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција е предводена од “Младински сојуз” (Северна Македонија), а во соработка со “ Association of Active Youths of Florina” (Грција) и “SEE in Action” (Грција). Иницијативата е поддржана од амбасадите на Германија и САД, а за речиси две години се постигнаа и конкретни резултати: отворени се првите три младински инфо-центри со локации во Лерин, Атина и Валандово, а над 1500 млади луѓе се вклучени во различни програми за размена на знаења и искуства.


Важноста за младинската вклученост во релевантните регионални процеси беше поттик за развивање на ваква инцијатива, како институционален механизам кој ќе ги зближи младите од Северна Македонија и Грција и ќе им овозможи развивање на билатерална соработка. Истата се базира на пренесување на добрите практики од процесите на помирување во западноевропските земји, првенствено меѓу Германија и Франција, односно Германија и Полска, како и мултилатералните искуства на младинската соработка од земјите од Балтикот и регионалната канцеларија за младинска соработка во земјите на Западниот Балкан (RYCO).

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот во живо во хотел „Александар Палас“ во Скопје на 26.11.2021 од 18.30 часот

Деталната агенда на Форумот ја доставуваме во прилог. За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте нè на 072/809-444 или anelija@youthalliance.org.mk (контакт лице: Анелија Митрова).


Видете следно

Тимот WebPillar & Data Consulting – победник на четиридневниот хакатон за отворени податоци

Второто издание на онлајн хакатонот за отворени податоци за студенти и стартапи го доби својот …