Што ќе разгледува денеска Владата на 39-тата седница


-Владата денеска ќе ја одржи 39-тата, тематска седница, целосно посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации.

На дел од точките на дневниот ред, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат разгледани Информацијата за Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 година, Бизнис планот за 2021 година, Инвестиционата програма за 2021, 2022 и 2023 година, Информацијата за предлог-Среднорочна програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за 2021-2023 година и Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија.

На предлог на министерството за економија, на дневен ред за разгледување, на денешната седница е ставена и Предлог-програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, како и Информацијата за Национална стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021-2027 година, предложена од ресорното министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение. аа/нд/

Скопје, 16 јануари 2021 (МИА)


Видете следно

Не е на нас политичарите да пресудуваме или да кажуваме за кој било случај и судска одлука дали е некој виновен или невин, вели Маричиќ

Говорот на омраза е кривично дело и ние секогаш како Влада сме застапувале спуштање на …