Што од утре? Денес е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба


Советот за безбедност денес на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Фејсбук и Јутјуб каналот на претседателот.

Од Кабинетот додаваат дека во согласност со препораките за заштита од Ковид-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно”.

Денес е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Скопје, 29 мај 2020 (МИА)


Видете следно

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Скопје, 16 јули 2020 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прва прес-конференција …