Фото: Пресинг ТВ

Што соопштија од „Дурмо Турс“ по автобуската несреќа кај Ласкарци


Наредниот ден откако се случи несреќата од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочуство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените. Од фирмата тогаш уверуваа дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Од Дурмо Турс Гостивар еден ден по несреќата соопштија:

„Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочуство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагичната сообраќајна несреќа“, соопштија од „Дурмо турс“

Од министерството за транспорт кои ги издаваат потребните лиценци за работа уверуваат дека фирмата досега работела регуларно.

Компанијата има и лиценци, две општински и две меѓународни, а поседува и лиценци за два возни реда.


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …