Што треба да направите за да го пренесете вашиот бизнис на интернет?


Со Роберт Грашкоски од Македонски Телеком разговаравме за InOne – смарт решение за онлајн маркетинг и продажба


Живееме и работиме во дигитално време, кога бизнисите неминовно треба да се присутни во онлајн светот. Малите и средните бизниси се соочуваат со најмногу предизвици кога треба да се направат првите чекори на онлајн рекламирање, е-продажба, е-комуникација со клиентите, претставување на брендот… активности коишто навидум бараат многу време и финансии. Но, денес постојат решенија, како што е InOne, со кои само со една апликација на вашиот уред ги добивате сите неопходни алатки за смарт онлајн работење. Разговаравме со Роберт Грашкоски од Македонски Телеком за предностите на InOne, со кои предност пред конкуренцијата е загарантирана.

Како постојаното онлајн присуство може да им помогне на малите и средните бизниси?


Ако порано важеше правилото дека локацијата е клучна за успехот на бизнисите, денес речиси сите бизниси се наоѓаат на иста локација – интернет. Онлајн продажбата, дигиталниот маркетинг, присуството на социјалните мрежи и постојаниот 24/7 контакт со корисниците се сигурна предност во однос на конкуренцијата. Особено сега, онлајн каналите се опција број еден за да ги задржите постојните клиенти и да привлечете нови.  

Што им овоможува InOne на бизнисите?

Им овозможува  брз, едноставен и ефикасен начин за онлајн продажба и користење моќни алатки за дигитален (интернет) маркетинг, коишто се директно поврзани со социјалните мрежи, како најмоќен медиум за комуникацијата со широка група на потенцијални купувачи.

За кои бинзиси е најпогодно ова решение?

InOne решението е само една од низата дигитални услуги коишто им се на располагање на корисниците, како резултат на нашата стратегија да бидеме двигател на дигитализацијата на компаниите, особено на малите и средните компании. Ова решение е наменето токму за мали и средни компании коишто имаат релативно мал број на производи/услуги и истите сакаат да ги промовираат на интернет и на таков начин да ја зголемат својата база на корисници.

И покрај тоа што ова решение комапниите можат да го добијат во разни комбинации со нашите комуникациски услуги, сепак, најмногу добиваат доколку го користат во рамките на пакетот комуникациски услуги Magenta 1 Business, којшто обезбедува најголема вредност за компаниите.

Како да се зајакне имиџот по пат на рекламирање на интернет без големи трошоци?

Брзото делување е особено важно во денешно време, во време кога дигитализацијата со несопирлива брзина навлегува во сите сфери на живеењето и работењето и во околности кога пазарните услови се менуваат од минута во минута. Во оваа смисла, навремените и прецизни информации за конкретни целни групи на потрошувачи претставуваат нужност, заостварување на конкурентската предност и лојални и задоволни потрошувачи. А токму задоволните и лојални потрошувачи се најсигурниот „рецепт” за зајакнување на имиџот, особено во ситуации кога тие се стекнуваат преку креативно интернет рекламирање, коешто патем се карактеризира со огромни можности за оптимизација на трошоците.

Како да се постигне подобра продажба со ова решение?

Тука е многу важно да се нагласи дека InOne решението е многу повеќе од обична алатка за онлајн присуство или напредна веб страница. Поставувањето на веб страница којашто е оптимизирана да „котира повисоко” при интернет пребарувањата е всушност првиот  непходен чекор  за успешното користење на алатката. Но, вистинската моќ на InOne решението се наоѓа во алатките коишто практично се создадени да доведат до подобра продажба. Тука централно место имаат алатките за управување со компаниските профили на социјалните мрежи (Facebook, LinkedIn, Twitter), системот за управување со контакти како клучен за промотивни активности и активности за стимулирање на продажбата, како што се онлајн резервации, нарачки и прашања. Во позадина овие активности се следат со алатки преку кои може да се оценат нивните ефекти, со што се добиваат многу корисни сознанија за планирањето на идните промоции и рекламни кампањи.

Ниту едно решение, па ни InOne, колку и да е совршено, нема да ги даде очекуваните резултати доколку не се користи континуирано и на оптимален начин. Од клучно значење за остварувањето на подобра продажба е алатките од решението да се користат секојдневно и на начин којшто ќе предизвика и ефикасна и ефективна интеракција со купувачите.  А ова е можно доколку корисниците на еден планиран и осмислен начин ги спроведуваат промоциите и објавуваат содржини и информации за своите услуги и производи коишто се релевантни за нивните потрошувачи. Целта е да се постигне што е можно поголема присутност на заинтересираните потрошувачи на веб страницата и на компаниските профили на социјалните мрежи, односно, на еден стимулиран начин да се зголеми бројот на потенцијални потрошувачи коишто потоа, на крајот од продажниот процес, ќе имаат можност целосно да купуваат онлајн.

Како се следат резултатите од продажбата и маркетинг кампањите?

Системот за управување со контакти ги содржи податоците за сите остварени интеракции коишто се случиле преку преку компаниската веб страница, социјалните мрежи и компанискиот e-mail. Овие податоци се систематизирани и складирани на едно место, што овозможува анализа на резултатите од промотивните кампањи или организирање промоции чијашто целна група ќе бидат сите или одреден број (сегмент) на контакти коишто се содржани во системот за управување со контакти. Овие промоции може да содржат посебни поволности за потенцијалните купувачи, награди за лојалните клиенти или попусти за сезонски производи.

Сите овие функционалности изгледаат многу корисно. Но, како се управува со платформата и дали е потребна соодветна подготовка?

Управувањето е едноставно. Тоа се прави преку веб апликација на која се пристапува онлајн. Корисничката околина е прилагодена за корисници без напредни ИТ познавања, односно, за група деловни луѓе чијашто примарна активност е сепак водење на бизнисот. Секако, дел корисниците за прв пат ќе се сретнат со некои од функционалностите и концептите. Меѓутоа, низ процесот на обука и, секако, преку корисничката поддршка, коишто се дел од самата услуга, корисниците ќе добијат можност да се стекнат со неопходните вештини и соодветно искуство  за успешно користење на платформата.

Всушност, откако корисниците ќе ги совладаат вештините на користење на платформата, единствениот предизвик ќе биде да се стекне искуство во креативно создавање на промоции и рекламирање, како и завршување на онлајн продажбата, за што, несомнено, не е доволно само да се има квалитетна алатка и вештини за нејзино користење, туку е потребно и заокружување на целиот процес на дигитален маркетинг и онлајн продажба, како и конкурентен и баран производ како главен предуслов за успешна продажба.


Видете следно

Каратистите на „Макпетрол” доминантни на младинското државно првенство

Натпреварувачите на карате клубот „Макпетрол” викендов во Гостивар имаа извонредно енергичен и убедлив настап на …