Што ветува Меркел за трет мандат


Конзервативната партија на германскиот канцелар Ангела Меркел ја усвои предизборната програма за парламентарните избори во земјата на 22 септември, јави Франс прес.

Демохристијанската унија (ЦДУ) увери дека нема да ги зголеми даноците и дека буџетските заштеди остануваат приоритет, во контраст со платформите на главните опозициски сили, социјалдемократите и Зелените.

Меѓу предизборните ветувања на владејачката партија фигурираат зголемувањето на семејните надоместоци, зголемување на пензиите на мајките кои се глава на семејството, и нов метод за пресметување на данок на доход, кој треба да ги фаворизира постепено семејствата со деца.

За симбол на буџетските заштеди во Европа, германскиот канцелар ги предложи “фискалните подароци” за десетици милијарди евра. Се очекува сепак предизборната кампања да биде центрирана на самата личност на Ангела Меркел, која се радува на рекордно висока популарност и е сосема можно да освои трет 4-годишен мандат на функцијата.

Таа се смета за највлијателна жена на планетата, и раководи со најголемата економија во Европа речиси 8 години.

Последните анкети на јавното мислење во Германија сепак припишуваат еднакви резултати за владејачката коалиција на конзервативците и либералите и опозицискиот блок помеѓу социјалдемократите и Зелените.


Видете следно

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија …