Што значи „пролетната офанзива“ на Заев ?


Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, на својата Facebook мрежа соопшти дека владата е влезена во пролетна офанзива, а обезбедени се и 270 милиони евра за 800 километри патишта.

„Влеговме во пролетна офанзива, обезбедени се 270 милиони евра за 800 километри патишта. Исто така, влеговме и во проектирање на секундарната мрежа во градовите паралелно со развивањето на примарната, национална гасоводна мрежа. Почнавме со изградба на мрежите во градовите. Тоа значи и екологија, мерка за отстранување на загадениот воздух во Скопје, Битола, Тетово, во сите градови каде што го има.

Ако успееме, а тоа ќе го знаеме до крајот на септември оваа година ќе бидеме подготвени од 1 јануари да донесеме закон и одлуки социјалната помош од просечно 4.200 денари да ја покачиме на 11.550 денари. Тоа не е покачување за 10 отсто, туку е три пати повеќе и е за најсиромашните и најранливите категории. Ама притоа тие мора да прифатат работа кога ќе им понуди државата. Не може да се водат на 12 илјади денари, а да одбиваат работа.

На вчерашниот отворен брифинг со новинарите, истакнав дека враќањето на опозицијата во Собранието ќе придонесе за нови инвестиции. Ние досега потпишавме договори за инвестирање со 10 странски компании, без еден денар потрошени за промоција во медиуми и за роуд шоа. Со 200 компании сме во преговори“, соопшти Заев на Facebook.

Видете следно

Развивање на силна меѓународна соработка за унапредување на трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство …