Breaking News

epa10334182 Ambulances outside a hospital in London, Britain, 28 November 2022. The army may be brought in to help answer emergency calls over the festive period if NHS ambulance staff vote to strike over a pay dispute. NHS ambulance staff are voting this week whether or not to take industrial action. EPA-EFE/ANDY RAIN

Штрајк на вработените во брзата помош во Англија и Велс


Повеќе од 10.000 вработени во службата за брза помош низ Англија и Велс одлучија да штрајкуваат поради спор околу платите и работните услови, соопшти денеска директоратот на синдикатот ГМБ.

Британската Национална здравствена служба (НХС) се подготвува за бран штрајкови без преседан. Како што е најавено, околу 100.000 медицински сестри ќе штрајкуваат од 15 и 20 декември и тоа е прв ваков протест во 100-годишната историја на британските медицински синдикати.


НХС, која обезбедува бесплатна здравствена заштита од 1948 година, се соочува со рекорден број пациенти на листи на чекање за болничко лекување и недостиг на стручен кадар поради пандемијата на Ковид-19.

– Наш приоритет е безбедноста на пациентите за време на кој и да е штрајк. НХС ги проверуваше и тестираше плановите за намалување на нарушувањето на работата на здравствената служба и продолжување на функционирањето на итните медицински служби, изјави министерот за здравство и социјална заштита на Велика Британија, Стив Баркли. ссм/
Лондон, 30 ноември 2022 (МИА)