Штрајкот на банкарските службеници ја парализира Аргентина


Во Аргентина избувнаа масовни штрајкови на банкарските службеници кои го парализираа финансискиот систем на земјата, информираат светските медиуми.

„Стигнавме до овој чекор, бидејќи даночниот товар расте нерешено со инфлацијата”, коментира пред американската ТВ CNN, шефот на синдикатите на банкарските службеници на Аргентина Серџио Палацо.

Репортажата на медиумот од Буенос Аирес гласи дека топ банкарите се надеваат да го одложат штрајкот, но синдикалните лидери потсетија дека досега не се земени во предвид барањата на вработените во системот. А лидерите на пазарот не покажаа никаква желба за решавање на проблемот.

Наставниците во покраината Буенос Аирес се приклучија на штрајкот, и тие имаат намера да протестираат барем 48 часа, барајќи зголемување на платите како компензација за годишната инфлација.

„Поради растот на цените платите навистина загубија дел од куповната моќ што може да се види по намалената потрошувачка. Според аргентинскиот економист Родриго Алварез земјата „ќе биде со проблеми во различни сектори на економијата, ако не се преземат итни мерки”.



Видете следно

Швајцарија повеќе не ги сака лицата со бугарски пасоши

Дали Швајцарецот ќе го следи британскиот пример и ќе и сврти грб на ЕУ, прашува …