Швајцарија не се откажа од банкарска тајна


Долниот дом на швајцарскиот парламент гласаше против усвојувањето на нацрт-законот, кој ги обврзува банките да обезбедат информации на САД во врска со клиентите од странство, соопштува рускиот весник “Независимаја газета”.

Пратениците го отфрлија предлог-законот со резултат 123 наспроти 65 гласови.

Според ставот на Министерството за финансии на Швајцарија донесувањето на законот ќе доведе до долготрајни спорови со Министерството за правда на САД.

Највисокото ниво на тајност во швајцарските банки е еден од главните фактори кои привлекуваат капитал во земјата од целиот свет во текот на изминатите 80 години, потсетуваат меѓународните набљудувачи.

 


Видете следно

Героски: Доаѓа време да ви раскажувам за вистинските фраери и за улогата на Каки, Заки, Трики, Раки …

Завршив и со бедниот извршител Коки. Белким не помисливте дека поради една таква колосална будала …