Швајцарскиот франк и австралискиот долар се покачија, а американскиот забележа минимален пад


Јенот го надмина четиримесечниот врв во однос на доларот во понеделникот, а швајцарскиот франк се зголеми, по тврдата позиција на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на трговијата.

Во петокот јапонската валута забележа најголем дневен раст за повеќе од две години, откако се покачи со малку над 1.2% за време на сесијата.


Доларот падна откако приносот на 10-годишни американски државни обврзници достигнаа 2.121% во понеделникот, најниското од септември 2017 година.

Спрема кошницата од шесте главни валути доларот се намали за 0,15% до 97.606 поени, иако се уште забележува профит со 1.5% од почетокот на годината.


Заедничката европска валута поскапе со 0.15% до 1.1185 долари, откако во петокот достигна раст од 0,35% – првата добивка по пет сесии на загуба.

Швајцарскиот франк се зголеми за 0,3% во однос на доларот до 0.9975 швајцарски франци, а јенот порасна за 0.15% до 108.10 јени, што е највисока вредност од средината на јануари.

Австралискиот долар се зголеми за 0,3% и се доближи до 3-неделен врв од 0.6958 долари, како резултат на позитивната кинеска индустриска активност.


Видете следно

Ковачевски: Членовите на СДСМ ќе бидат одговорни да ја оценат работата на идното партиско раководство

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина …