Шведска ќе го тестира 6 – часовниот работен ден


Шведска ќе ја тестира ефикасноста на 6 – часовниот работен ден, со надеж дека тоа ќе ја зголеми продуктивноста на трудот и ќе заштеди пари. За ова информираше шведското издание TheLocal.se.

“Сметаме дека е крајно време да дадеме шанса на оваа практика”, изјави Матс Пилхелм, градоначалник на вториот најголем град во земјата Гетеборг. Тој објасни дека градското собрание ќе користи двe различни одделенија – тест група и контролна група.

Вработените од првиот оддел ќе работат по 6 часа на ден, додека нивните колеги од другиот оддел ќе работат по 7 часа, што е стандардното работно време во земјата. Сите работници ќе добијат подеднакво награда за својот труд.

По одредени временски периоди двете групи ќе бидат споредени. “Се надеваме дека вработените на 6 – часовниот работен ден ќе земаат помалку боледување, ќе се чувствуваат подобро ментално и физички”, додаде Пилхелм.

Тој се надева дека овој потег ќе создаде повеќе работни места во земјата. Според него проблемите во некои сектори не се должат на недостаток на персонал, туку на неефикасна работа за време на долгиот работен ден.

 


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …