Шведска може да е првата земја без физички пари


Нов извештај покажува дека четири од пет набавки во Шведска се вршат или со електронско плаќање, или со картичка.

Според извештајот на The Local, Швеѓаните остваруваат 260 електронски плаќања на човек годишно. Така се избегнува потребата на луѓето во земјата да користат банкомати, за да ги повлечат своите средства и да се стекнат со кеш.

Овој тренд не е заеднички за цела Европа. Во Италија на пример кешот се користи за три четвртини од сите купувања во земјата.

И додека употребата на електронските порамнувања бара зголемување на трошоците за безбедност во платежниот систем, овој начин на плаќање суштинско ги намалува трошоците во форма на такси.

Трошоците за влечење на средства во Шведска се околу 1.2 милијарди долари, или 0,3% од БДП-то на земјата. Недостатокот на достапни средства сериозно ги намалува вооружените грабежи во земјата каде нивното ниво е пониско од 30 години во 2012 година.

Предвидувањата покажуваат дека физичките пари во Шведска можат да исчезнат целосно до 2030 година. Двајца од тројца Швеѓани сепак сметаат дека присуството на расположливи средства во рацете на луѓето е главно нивно право.


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …