Шведска отстрани збор од јазикот поради Google


Шведски лингвисти официјално отстранија збор од јазикот во протест против американскиот интернет гигант Google.

Во шведскиот јазик неологизмот ogooglebar – “о-Гугл-бар” се користи повеќе од една година со значењето “нешто што не може да се најде преку пребарувач на интернет”


Кога адвокатите на Google разбрале дека зборот ќе биде вклучен во претстојното ново издание на Шведскиот тoлковен речник, сепак, тие се поврзале со научниците во Стокхолм и “препорачале” зборот да не се однесува на сите интернет пребарувачи, што всушност е значењето, а тoлкувањето да биде конкретно – “невозможно да се најде преку пребарувач на Google”.

Поради вршење на притисок од страна на американската корпорација на лингвистите, тие зеле одлуката зборот целосно да отпадне од речникот, како форма на протест.


“Од Google очигледно заборавиле една работа – дека еден жив јазик не се интересира за корпорациите и нивните трговски марки”, објаснува шефот на Советот за шведскиот јазик Ан Седерберг.

Фото:телеграф



Видете следно

Национален натпревар за најдобри ученички компании

Јуниор ачивмент Македонија денеска во Струга организира Национален натпревар на ученички компании, настан на кој …