Си-Ен-Ен: Бајден на првиот работен ден ќе смени серија лоши или неостварливи одлуки на администрацијата на Трамп


Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише десетици укази и наредби, со кои или ќе се поништат одлуките на администрацијата на Трамп или ќе се „истуркаат” политиките што беа неостварливи за време на неговото владеење, пренесе Си-Ен-Ен.

Меѓу нив е и одлуката за повторно пристапување на САД кон Парискиот договор за климата и одлуката за укинување на забраната за влез на лица од доминантно муслиманските земји, може да се прочита во меморандумот на неговиот иден шеф на кабинет, Рон Клајн.

Меѓу нив е и прекинот на принудните иселувања и плаќање на студентски заеми за време на пандемијата на коронавирусот, како и воведување на задолжително носење маски во федералните институции, пренесе Си-Ен-Ен.

Клајн во документот потсетува дека Бајден за време на кампањата вети дека на првиот ден на функцијата ќе се занимава со поништување на контроверзните одлуки на администрацијата на Трамп, како и со борбата против пандемијата на коронарвирусот.

„За време на кампањата, новоизбраниот претседател Бајден вети дека ќе преземе итни активности за решавање на овие кризи. Како претседател тој ќе ги исполни овие ветувања и ќе потпише десетици укази, меморандуми и директиви до агенциите за исполнување на тие ветувања”, напиша Клајн. сд/

Вашингтон, 17 јануари 2021 (МИА) 


Видете следно

Можности за зголемување на билатералната трговија и инвестициите од Катар

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новиот катарски амбасадор во нашата земја, …