Siemens скратува 15 илјади вработени


Германскиот конгломерат Siemens ќе се ослободи од 15 илјади работни места следната година, од кои половината во Германија, пишува Reuters. Портпаролот на компанијата најави дека ова е дел од програмата на компанијата за намалување на трошоците со 6 милијарди евра годишно.

Објавувањето на отпуштањата доаѓа два месеца, по отстранувањето на извршниот директор Питер Љушер кој изготви план за штедење на крајот на минатата година.

Siemens е најголемата инженерска компанија во Европа и произведува широк спектар производи – од слушни помагала до гасни турбини. Производителот сепак не е толку профитабилен како главните конкуренти – САД General Electric и швајцарската ABB.

Германската компанија и синдикатите веќе се договориле за смената на половина од луѓето. За остатокот се уште се водат преговори.

Во Германија компанијата ќе елиминира 2 000 работни места од индустриското производство и 1 400 од бизнисот со енергетика и инфраструктура.


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …