Силјановска: Јас многу сум добила од Македонија и сега е време да и вратам за тоа


ВМРО-ДПМНЕ вчера го избра својот кандидат за претседател на државата. Наспроти другите осум кандидати на опозициската партија, Гордана Силјановска-Давкова доби мнозинство (408) од 519 делегати кои гласаа на конвенцијата во Струга. Силјановска по победата на својот Facebook профил се заблагодари уште еднаш:

„Денеска ја повикав ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во Македонија да се обединиме со сите што се наоѓаме во заедничкиот фронт понижени, омаловажени, длабоко навредени од неодговорните потези на заевизмот.

Обединувањето на кое што ќе работиме сите заедно без разлика на етничка, верска, полова или било која друга припадност најпрвин ќе донесе победа на претседателските избори. Поддршката од најголемата партија ми дава обврска да го штитам најважното: владеењето на правото, законите треба да се во рамките на Уставот.

Власта треба да биде од народот, за народот и на народот! Претседателот треба да биде прв во тоа! Јас многу сум добила од Македонија и сега е време да и вратам за тоа!

Да сте сите живи и здрави!, напиша Гордана Силјановска Давкова на својот Facebook профил.


Видете следно

Бентли отпушта до илјада работници

Лондон, 5 јуни 2020 (МИА) – Британскиот производител на луксузни автомобили „Бентли”, кој е во …