Силјановска победи во Скопје, а Пендаровски подобар во општините Сарај, Чаир Шуто Оризари, Карпош …


Во првиот круг на претседателски избори во град Скопје победи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Таа освои 664 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, од обработени 99,96% од избирачките места. Силјановска освоила 87.268 гласови во Скопје, а Пендаровски 86.604 гласови. Блерим Река освоил 14.905.

Во Центар Пендаровски освои 12.342 гласови или 55,75%, Силјановска 8.031 36,28, а Река 444. Во Општина Карпош за Пендаровски гласале 14.039 граѓани, за Силјановска-Давкова 11.641, а за Река 528.

Во Аеродром Силјановска осовила 16.450 гласови, Пендаровски 14. 007, а за Река 311. Во Кисела Вода исто така водела Силјановска при што освоила 14. 685, Пендаровски освоил 10.295, а Река 213 гласови.

Во Општина Сарај најмногу гласови освоил Пендаровски 3.748, Блерим Река 3.072. За Силјановска-Давкова гласале 379 лица.

Во Општина Шуто Оризари Пендаровски доби 2.351 гласови, Силјановска-Давкова 1.772, а Река 832 гласови.

Во Општина Чаир за Пендаровски гласале 8.203 граѓани, за Река 5.833, а за Силјановска-Давкова 2.947.


Видете следно

Градот Скопје денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето велосипеди за 2019 година

Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска го затвора јавниот повик за субвенционирање на купувањето …