Синоќа се огласи Филипче: Еве што напиша на Facebook за починатата пациентка


На почетокот сакам да изразам сочувство до семејството на починатата. Податоците ги добив од болницата во Куманово и од Службата за епидемиологија од Центарот за јавно здравје. Првиот преглед на пациентката е направен на 16 март. Таа дошла со температура и без други симптоми и кашлица – според кажувањата веднаш биле поставени прашања од епидемиолошката анкета на што таа одговорила негативно: дека не патувала во странство, немала контакт со лица од ризичните земји. Дадена била терапија и пуштена на домашно лекување.

Следниот ден на 17 март дошла со синот, – двајцата со покачена телесна температура и без кашлица. Повторно е направена епидемиолошка анкета на коишто се негирани било каква поврзаност со евентуален контакт со заболен или со странец или пак патување во странство според кажувањата на изворите од болницата во Куманово. На 17ти и 18ти март примаат терапија, тие повторно немаат кашлица и тоа е третман во дневната болница.

На 19ти март со нешто потежок наод на белите дробови со идникација за рентген снимка констатирана е пневмонија и двајцата се сместени во одделот за изолација. И тогаш и кај мајката и кај синот се земале брисеви – материјал за корона тест. На 19ти и на 20ти направени се во 2 наврати анализи на материјалот. На 19ти март на двајцата и тие се негативни. На 20ти се повторува тестот на мајката со оглед на тоа што стои во препораките на Светската здравствена организација – ако негативен тест е во комбинација со клиничка слика потешка која може да укажува на постоење на болест предизвикан на корона вирус. И тој повторен тест е негативен.

На 21 март состојбата се влошува. Направени се обиди за реанимација, меѓутоа за жал тие се без успех, после што пациентката починала. Со оглед на тоа што и компликацијата нагло и нетипично за некоја друга болест земен е посмртен уште еден материјал којшто е испитан и тестот е позитивен на коронавирус.

Преиспитани се повторно материјалите земени иницијално. Повторно е потврдено дека тие се негативни.

Разговаравме интензивно со експертите, консултиравме литература, тестот никаде во светот не е 100% сензитивен и тоа е докажано.

Што се однесува до здравствените работници, во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапување дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања.

Согласно изјави на починатата во кумановската болница, таа не била хронично болна од ниедна болест која можела дополнитело да ја искомплицира состојбата. Единствено примала редовен лек против хипертиреоза.


Видете следно

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово …