Синоќа се огласи Мицковски: Еве што и порача на македонската јавност


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за вестите на Сител телевизија, истакна дека владата на СДСМ и Зоран Заев секој ден се соочува со нов скандали. Според него оваа влада единствено што работи изминатиот период е дефокусирање на македонската јавност од актуелните политички случувања, како и многубројни афери и криминални дејствија.

-Наместо да имаме нов развој на технологии ние имаме криминални иновации каде што се делат пари на активисти и партиски големци на СДСМ, роднини, братучеди, кумови, снаи инт. Имаме катастрофална ситуација во здравството, ќерка на татко дава тендери по 3-4 милиони евра. Гледаме на човек – фирма се даваат 35 милиони евра. Министри во владата со сопствените фирми добиваат тендери во јавната администрација. Ништо не е послабо ни во другите сектори. Образованието ни е на маргините во Европа, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тој не очекувал и ништо повеќе од премиер како Зоран Заев кој бил обвинет за земање мито од 200.000 евра.

-Јас не очекував ништо повеќе од премиер кој што беше обвинет за земање на мито од 200.000 евра. Не очекував дека нешто ќе се случи. Еве година и пол после тоа свесни сме и на катастрофално лошото работење и на градоначалниците кои што ќе направат една година откако беа избрани или крадоначалници, не знам како да ги наречам, вели Мицкоски.

Според него во моментот на Македонија и се случува една општествена депресија и не треба да се чудат што младите луѓе на дневна основа ја напуштаат државата.

-Сега сигурно од другата страна ќе долета некое стерилно соопштение каде што ќе кажат- Да ама така беше во времето и на ВМРО-ДПМНЕ. Но јас се уште не видов да некој се врати и го облече оние чевли кои што ги редеа пред владата. Напротив таа бројка се триплираше, додаде тој.


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …