Сите 39 мерни места во Градот Скопје ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење


ЈП Водовод и Канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Ве известуваме дека Центарот за санитарна контрола во периодот од 06.01.2020 до 10.01.2020 зема 111 примероци за физичко-хемиска и 111 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).


Видете следно

Се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 %

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која …