Clean drinking water is poured from a jug into a round glass cup on a wooden table and a light green napkin close-up macro on a green nature outdoors background .

Сите примероци од водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет


ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 03.02.2020 до 07.02.2020 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

 


Видете следно

Неколку факти кои покажуваат колку е навистина богат Марк Цукерберг

Нето-вредноста на Марк Закерберг падна за скоро 10 милијарди американски долари за само една недела …