Ситуацијата во Франција оди на полошо, невработеноста е рекордна


Економската ситуација во Франција станува лоша, а според последните податоци невработеноста таму достигна рекордно високо ниво. Според податоците на француското Министерство за труд, невработените во земјата се 3,424 милиони луѓе, a зголемувањето во однос на претходниот месец е во износ од 26 000 лица.

“Ова зголемување на невработеноста ќе се одрази на растот во Еврозоната и Франција”, изјави францускиот министер за труд Франсоа Ребсамен.

Франција, втората најголема економија во Европа, се бори со политичка и економска криза, и тоа е најголемата откако Оланд дојде на власт пред две години. Довербата кон претседателот, што и до неодамна не беше голема, во последно време се намалува драстично.

Според голем број економски експерти токму Франција е државата, која го влече назад развојот на еврозоната.



Видете следно

За една недела ОТСТРАНЕТИ 218 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (14.02 – 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати …