Скопјанец заработи кривична пријава за учество во странска војска


Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК на МВР, вчера ( 26.02.) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Скопје, за сторени кривично дело “учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322 а, став 3 вв став 9 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот со намера да замине за Сирија за да учествува во странска војска “Џабхат ал Нусра“ (прогласена за терористичка организација од страна на ООН во 2013 година), преку интернет апликации за комуникација остварил контакти со две лица државјани на РСМ, од кои едниот се наоѓал во Сирија а другиот повратник од Сирија. Притоа, од страна на лицата му била дадена гаранција (теские) за приклучување во наведената терористичка организација и договориле дека ќе го информираат за времето на тргнување и начинот на неговото пристигнување во Сирија.

На 01.11.2019 година пријавениот со автобус ја напуштил територијата на Р.Северна Македонија преку граничниот премин “Богородица“, додека на 02.11.2019 година остварил влез во Р.Турција, од каде по создадени услови требало илегално да ја премине турско-сириската граница и да биде прифатен од страна на две непознати лица.

На 06.11.2019 година при обид илегално да ја премине турско-сириската граница, А.Б. бил уапсен од страна на турските безбедносни органи, лишен од слобода и сместен во Центар за отстранување во Хатај, Р.Турција во близина на границата со Сирија, така што кривичното дело останало во обид.

При неговото лишување од слобода, тој бил без документи за идентификација, лажно се претставил и кажал дека имал намера да патува  во Алепо, Сирија.

По оставрена меѓународна полициска соработка и во соработка со Амбасада на Република Северна Македонија во Анкара утврден е неговиот идентитет, издаден е патен лист и А.Б  е депортиран на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, каде е превземен и приведен во ПС за ОН Кисела Вода.

Вчера по издадена наредба од Судија за претходна постапка извршен е претрес во домот на А.Б., при што се пронајдени и одземени девет мобилни телефони, една СИМ картичка, две УСБ-а и еден преносен компјутер.

 

 


Видете следно

МБА веќе започна со јавни објави за промени на договорните услови кои ќе се понудат на корисниците на кредитни производи

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ја информира јавноста дека во согласност со измените и дополнувањата на Одлуката …