Скопје домаќин на пролетниот состанок на Гамингер иницијативата


Организацијата на резервните офицери на Република Северна Македонија, од денеска до 28 мај ќе биде домаќин на пролетниот состанок Гаминг 1, на Гамингер иницијативата (ГИ) – здружение на офицери во резерва од државава, како и од Германија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словенија, Словачка и Полска.


На свеченото отворање на ГИ 1 состанокот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска, претседателот на ГИ, Филип Лео и членот на претседателството на ГИ Џузепе Филипо Имбалзано, како и домаќинот на состанокот, претседателот на ОРОРСМ, Гоце Георгиев.


Меѓу гостите ќе биде и заменик началникот на ГШ на АРСМ, гости од МО и членови на ОРОРСМ.

На Гаминг 1 состанокот во Скопје ќе присуствуваат 16 офицери од 10 земји членки на ГИ, а ќе се расправа за новиот Статут на ГАМИНГЕР иницијативата која треба да прерасне од средноевропска во европска иницијатива на резервните офицери.


Исто така, на состанокот ќе стане збор и за теми од областа на безбедноста во Европа и светот.

Организацијата на резервните офицери на Република Македонија, на предлог на раководствата на организациите на резервите офицери на Република Словенија и Република Италија, а на претходна покана од ГАМИНГЕР иницијативата, официјално стана членка на оваа средноевропска иницијатива на 24 септември 2017 година.


Основна цел на асоцијацијата е зголeмување на улогата на резервните офицери во средните во кои има се повеќе професионализирани воени структури и зголемување на улогата на вооружените сили на Европа како дел од меѓународна безбедносна политика на ЕУ, НАТО, ОН и др.

Името потекнува од градот Гаминг (близу Виена-Австрија), во кој во 1989 година се одржува неформална средба на полк. Чарлс От (Швајцарија), полк. Арне Штајнкамп (Германија) и полк.


Волкер Цимерман (Австрија), на која биле зацртани основите на Гамингер иницијативата. вг/лв/    .

Извор: МИА