Скопје со нови неколку километарски велосипедски патеки


Изградбата на модерна велосипедска инфраструктура, со цел подобрување на условите за користење на велосипедот како превозно средство е еден од најголемите приоритети на Градот Скопје.

Овој период се започнати или треба да започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над 5 километри, а нови патеки ќе се добијат на следните локации:

  • Булевар „Борис Трајковски“, од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат)  до поранешната фабриката „Стаклара“ во вкупна должина од 3132 метри;
  • Улица „11 Октомври“ од крстосницата кај булевар „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во должина од 666 метри;
  • Булевар „Крсте Петков Мисирков“ од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар во должина од 1142 метри; и
  • Улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ во должина од 310 метри.

Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на булевар „8-ми Септември“ од крстосница со булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“.


Видете следно

Поради високата загаденост во Скопје, Шилегов апелира рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено

По добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање за надминување на ПРАГОТ …