СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР – СВЕТСКИ ИЗВЕДБИ НА ДОМАШНА СЦЕНА


Три кореографии и музика изведена на сцена – на синоќешниот Танц Фест публиката во МНТ имаше прилика да ужива во делата на млади македонски танчери и музичари. Пред полната сала, со свои дела се претставија младиот кореограф Дејан Битровски, кореографија „Луцидниот Јос“ (музика на ДулеЛуд) и Адријана Данчевска, кореографија „Скеч“ (музика на ВЕРКА). Кореографијата „Фенси сме“ беше со потпис на Рисима Рисимкин, а музиката беше изведена на сцена од Виктор Филиповски и Владимир Трпчески.

„Танц Фест досега беше домаќин на многу интернационални танчери и кореографи, извонредни млади уметници, но покрај тоа, вечерва покажа само мал дел од потенцијалот со кој располага оваа земја, а кој е вистинско богатство. Скопје Танцовиот Театар е нешто во што несебично вложуваме веќе долг низ години и ќе продолжиме во иста насока. Артикулираме порака која се надеваме дека конечно ќе биде слушната на вистинскиот начин. Според посетеноста и реакцијата на публиката, современиот танц може да има светла иднина како дел од оваа култура, а културата е насловна страница на секое општество“, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест.

Со годинешното, јубилејно издание на Танц Фест се одбележуваат 15 години негување и активна работа на афирмација на современиот танц во земјата, преку континуирано творење и обучување млади кореографи и танчери за продолжување на веќе поставената традиција.

Целосната програма за Танц Фест е достапна на официјалната веб страница на фестивалот – www.dancefestskopje.com


Видете следно

Детската имагинација не познава граници – Летната Design Thinking школа покажа дека најмладите можат да го сменат светот, ако им се даде вистинска шанса за тоа! 

Децата се имагинативни, храбри и самоуверени уште од најрана возраст. За да можат да ја …