СКСЗМ ги прогласи ТОП 100 најуспешните компании за 2018 година


Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денеска ги објави ТОП 100 најуспешните компании во Македонија. Овој настан е претворен во традиција и се реализира по деветти пат и го прави изборот на најуспешните компании во 2018 година кои имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишнио приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

СКСЗМ продолжува да биде заштитниот чадор на бизнисите на нивниот пат кон успехот. Ние ќе продолжиме да бидеме коректори на макроекономските политики со обезбедување на конкретни решенија. Ние ќе застанеме покрај претприемачите во остварувањето на нивните цели за раст и развој на бизнисот. ТОП 100 докажува дека нашите компании работат успешно и се подготвени да се вклучат на глобалните економски пазари, така што фокусот на СКСЗМ во иднина ќе биде да пронајдеме нови пазари за локалните бизниси – рече Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ.

Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ ја презентираше методологијата за избор на ТОП 100 компании за 2018 година. Исто така, оваа година, каталогот има новости за ТИРЗ – Тетово, кој регион претставува значаен сегмент за развој на економијата во нашата земја.

Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2018 година е компанијата Вардар Доломит.

Како втора најуспешна компанија беше прогласена Алма-М, а на трето место беше компанијата Киппер. Компанијата Нептун оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека петта награда доби Даути Комерц од Скопје.

Оваа година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за време на манифестацијата додели награди и во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата Гајрет од Струга, компанија за проширување на глобален пазар, Слајс од Скопје. Оваа година има и новост, каде е доделена награда за успешен бизнис предводен од жена  – Уника Лифе од Скопје.

Во оваа манифестација присуствуваа Претседателот на Собранието г. Талат Џафери  Заменик Премиерот г-дин Кочо Анѓушев, Министерката за Финансии г-ѓа Нина Ангеловска,  , заменик-Премиерот за европски прашања, г. Бујар Османи,  претставници на други државни и бизнис институции, амбасадори, други гости од земјава и странски држави.

Генерален спонзор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и на ТОП 100 манифестација е УНИКА, други спонзори се компаниите Квантум, ЕВН, Халкбанк, Македонски Телеком, Амбрела, Гемак, Стопанска Банка, Еко Енергиес и Шпаркасе Банка.


Видете следно

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет

Поранешниот премиер на Непал, Мадхав Кумар Непал ќе одржи почесно предавање на Меѓународниот Балкански Универзитет. …