СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување


Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон политичките партии во овој предизборен период. Средбите оваа недела продолжуваат со политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со г-дин Христијан Мицкоски, која истовремено е и најголемата опозициска партија во земјата. Реалните барања кои постојат во бизнис секторот во нашата земја, се групираат во Платформата за Економски развој на Република Северна Македонија, подготвена од страна на СКСЗМ. Горенаведената платформа како официјален документ содржи фундаментални принципи врз кои треба да соработуваат бизнис заедницата со политичките партии кои ќе бидат дел од власта. Таа содржи 93 мерки, поделени на 9 разни области.

Според бројните анализи направени од страна на СКСЗМ, има сектори во кои треба итно постапување. Првин, треба да се има комуникација меѓу стопанските комори во земјата со Владата, за тие да се вклучат во процесот на донесување на одлуките и сите политики кои влијаат врз бизнисите, да има реформи во јавните и државни институции, вклучувајќи ги стопанските комори во експертската група на Фондот за Иновации и Технолошки Развој, во избор на проектите од првата фаза, издградба на автопатот Скопје-Блаце, со цел на подобрување на трговската размена, доделување на посебен статус на зоната на Визбегово, развој на зимскиот и летен туризам во Попова Шапка како и многу други барања кои ќе придонесат за подобрување на целокупната клима за правење бизнис во земјата. Вреди да се потенцира дека оваа платформа е документ кој секогаш се aжурира според барањата на бизнисите.

Г-н Неби Хоџа истакна дека соработката меѓу коморите и политичките партии е многу важна во однос на подобрувањето на условите за водење бизнис, додека од друга страна, г-дин Христијан Мицкоски истакна дека станува збор за многу квалитативна средба и ќе бидат земени предвид барањата на СКСЗМ.

СКСЗМ како легитимен претставник на бизнисите секогаш ќе ги интегрира нивните барања како приоритетни во однос со политичките партии, лобирајќи за подобрување на економската благостостојба во земјата. Оваа платформа претставува клучна точка за реализирање на барањата на бизнисите.

 

 


Видете следно

Европа и Централна Азија – Северна Македонија: здравствени системи, социјална заштита, и поддршка за бизниси од клучно значење за заштита на животите и егзистенцијата

Одлучувачки мерки, кои ќе стават приоритет на инвестициите во здравствените системи и обезбедување на соодветна …