Skype работи на 3D видео врска


Skype потврди дека компанијата работи на функцијата која овозможува 3D видео повик. Од компанијата веќе ги испитуваат уредите за снимање и емитување на 3D слика, кои се нудат на пазарот. Тоа го изјави во интервјуто за BBC Марк Џилет, кој е корпоративен потпретседател на Skype, и дел од софтверскиот гигант Microsoft.

 

Според него повеќе луѓе инвестираат во телевизиски монитори со 3D функции. Тие ќе нудат доста добра 3D слика која ќе продолжи да се развива и ќе биде потребно да се инсталираат неколку камери на екранот на компјутерот. Освен тоа, тие треба да се многу фино подесени и насочени под посебен агол.

 

Иако се очекува 3D сликата да биде новиот стандард, неколку телевизиски канали кои експериментираат со емитување на 3D слика, ги прекинаа проектите. Ако Skype сепак почне да нуди 3D видео врска, тоа може да даде поттик на пазарот за 3D уредите.



Видете следно

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за …