СЛАТКО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ПРВАЧИЊАТА ВО ЦЕНТАР И ВО СВЕТИ НИКОЛЕ


Илјадници првачиња денеска првпат седнаа во училишните клупи и започнаа нова возбудлива фаза од својот живот. Првите денови во училиште се најважни во процесот на прилагодување на првачињата на образовниот процес, кој за нив претставува ново искуство. Исто така, особено е значајно да ги научат правилата за добро однесување во училиште.

Првачињата во општините Центар и Свети Николе го започнаа првиот час со слатко изненадување кое ги пречека на училишните клупи. Брендот Леона им подари пакет слатки производи „Среќно прваче“ и Бонтон за деца за добро однесување во училиштето и во домот. Целта на оваа активност е првоодделенците од двете општини да се почувствуваат добредојдени на првиот училишен ден, но во исто време преку бонтонот да научат како треба да се однесуваат во училиште, да го чуваат и да се грижат за инвентарот, да ги почитуваат другарчињата. Ова бонтон издание е креирано специјално за деца на оваа возраст од страна на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“.

Преку оваа општествено одговорна активност, компанијата „Лион“ од Свети Николе уште еднаш покажа дека грижата за најмладите членови на општеството е една од нивните примарни цели и предизвици.

 

 


Видете следно

Општина Кисела Вода со голем број волонтери и ученици спроведе еколошка акција

По повод Меѓународниот ден на волонтерите, 5 Декември, денеска Општина Кисела Вода во соработка со …