Следната недела ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


На 26 септември 2022 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 44. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Анализа на читливоста, темите и тонот на соопштенијата за јавноста за монетарната политика на Народната банка” од Анита Циунова-Шулеска, Тања Јакимова и Николина Паламидовска-Стерјадовска.


По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 25 септември 2022 година (недела).


Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и разработка на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување / труд во работна верзија.


Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.


Видете следно

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот …