Слободен пристап на кучињата придружници на лицата со посебни потреби во возилата на ЈСП и на Жичарницата


ЈСП Скопје одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на нашите услуги, односно да дозволи влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата.

Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности.

„Апелираме и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп.

Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица“, стои во соопштението на ЈСП Скопје.


Видете следно

Димковски во Република Словенија: Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е …