Словенија ќе приватизира повеќе компании


Словенија ќе ја заврши до крајот на годината приватизацијата на 14те компании и ќе презентираат два – три месеци дополнителна приватизациона листа, истакна во интервју словенечкиот премиер Аленка Братушек, пренесе Франс прес.

До крајот на годината ќе ја завршиме продажбата, посочи Братушек пред германскиот весник “Ханделсблат”. Љубљана вети да приватизира 14 компании, меѓу кои и една банка, за да ги подобри државните финансии, кои се во лоша состојба.

„Покрај програмата за приватизација размислуваме дали да не продадеме уште државни компании или удели на приватни инвеститори“, додаде Аленка Братушек, додавајќи дека листата со компании ќе биде готова за два – три месеци.

Земјата е заглавена во рецесија и наиде на тешкотии со банкарскиот сектор, поткопана од лоши кредити. По спасувањето на Кипар во пролет, Словенија се споменуваше како потенцијален кандидат за европска помош.


Видете следно

На денешен ден беше застрелан, а остана еден од најголемите музички икони на дваесетиот век

Џон Винстон Ленон е роден на 9 октомври 1940 е познат како пејач, композитор и …